Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на вечерта НАЈАВА: Јувентус – Тотенхем, повреди, меѓусебни дуели, коефициенти…

Дерби на вечерта НАЈАВА: Јувентус – Тотенхем, повреди, меѓусебни дуели, коефициенти…

Вечерва после пауза од два месеци се враќа Лигата на шампионите. На програмата се два натпревари Јувентус – Тотенхем и Базел – Манчестер Сити.

Секако оваа вечер поголемо внимание привлекува гостувањето на Тотенхем во Торино, натпревар во кој се дава мала предност на „старата дама“, но секако никој не смее да ги отпише опасните „петли“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Треба да се истакне дека Јувентус игра одлично во последно време, посебно на домашен терен каде што е без пораз на последните 26 натпревари. Покрај тоа „дамата“ на последните 16 натпревари во Серија А прими само еден погодок, оној против Верон кој го постигна нивниот поранешен играч Мартин Касерес. Сепак, Тотенхем го најдобриот стрелец од Премиер лигата, Хари Кејн кој постигна 23 погодоци.

Тотенхем и Јувентус за прв пат се сретнуваат во натпреварувањата под покровителство на УЕФА. Јувентус е далеку поискусен кога се во прашање европските натпреварувања, но никој не може да каже дека „петлите“ не знаат да играат во Европа.

Кога во прашање се повредените фудбалери, Алегри има поголеми повреди. Италијанецот за овој натпревар не може да смета на Андреа Брзаљи, Хуан Квардо, Паоло Дибала, Бенедик Ховедес, Блез Матуиди и Стефан Лихштајнер. Додека, во редовите на англискиот претставник повреден е само дефанзивецот Тоби Алдервилд.

Како што кажавме овие два тима не се сретнале во Европа, но имаат две пријателски средби. На овие две средби си поделија по една победа, Тотенхем славеше со 2:0 на нивниот последен дуел изминатото лето, додека една година претходно Јувентус славеше со 2:1.

Кога во прашање се коефициентит во 1xBet за победа на домаќинот се дава коефициент од 2.25, за „двојка“ изнесува 3.75, додека за нерешено 3.2З

За повеќе информации и детална анализа можете да прочитате ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп со емотивно видео се прости од своите соработници во Ливерпул 🎥

Ќе биде чудно без Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, дефинитивно фановите долго време нем…