Дома Фудбал Италија Дерби кои сите го чекавме: Интер во фантастичен натпревар го победи Милан

Дерби кои сите го чекавме: Интер во фантастичен натпревар го победи Милан

Фудбалерите на Милан и Интер вечерва одиграа одличен дерби натпревар. Интер на крајот во натпревар од 28. коло во Серија А победи со 3:2.

Бидејќи вечерва имаше многу ситуации на овој натпревар, ќе ги наведеме само оние најважните.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер подобро го отвори натпреварот и до водство дојде во 3. минута кога погоди Васино. Во продолжение Нероаѕурите имаа повеќе од играта и неколку добри шанси преку Мартинез и Васино, но промена на резултатот немаше.

На самиот почеток од вториот дел, поточно во 51. минута, Стефан Де Вриј погодува за 2:0. Сепак, само шест минути подоцна Милан се враќа преку голот на Бакајоко.

Кога се мислеше дека Милан ќе се врати во натпреварот, следуваше нов шок за нивните навивачи откако беше досуден пенал за Интер, а сигурен реализатор беше Мартинез за 3:1. Повторно Милан брзо се врати во натпреварот, овој пат после четири минути, а погоди Мусакио.

Росонерите во судиското продолжение можеа да дојдат до бод, но ударот на Кастиљо одлично го одбрани Хандановиќ.

Треба да се напомене дека пред самиот крај на натпреварот тренерот на Интер, Спалети доби црвен картон поради протест.

Интер после оваа победа го прескокна Милан и сега има 53 бода, односно два повеќе од градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потврдено: Чави останува тренер на Барселона!

Во Барселона претседателот Лапорта и останатите успеале да го убедат тренерот Чави да оста…