Дома Фудбал Останато Денот кога Дидиер Дрогба ја запре војната во својата држава! (Видео)

Денот кога Дидиер Дрогба ја запре војната во својата држава! (Видео)

Можеби не сте го сакале неговиот клуб, неговиот сопственик или пак тренер, но сигурно морате да го сакате него. Иконата на една генерација која во светот донесе многу повеќе отколку само мајстории на фудбалските терени.

Фудбалот во еден крај на светот донесе мир и го запре крвопролевањето и цивилната војна која започна во 2002 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Пола човек, пола ѕвер, името му е Дидиер“. Дрогба е еден од најважните фудбалери во историјата на Челзи. Во тој клуб настапуваше во два мандати, помина скоро десет сезони, прво од 2004 до 2012, а потоа настапуваше и во сезоната 2014/2014.

Тука нема да зборуваме за неговите фудбалски достигнувања, за тоа навистина би ни требало многу повеќе време, туку за моментот кој датира од 2005 година.

Ако сте го мразеле Дрогба, сте ја мразеле и човечката големина. Датумот беше 8 октомври, Брегот на Слоновата Коска обезбеди пласман на Светското првенство.

Микрофонот му беше даден на Дрогба кој сакаше само една работа. Да прекине војната.

„Докажавме дека можеме да живееме заедно, да играме и да имаме заедничка цел. Ви ветивме дека заедничката радост ќе не обедени“, изјави Дрогба.

Потоа ги замоли соиграчите заедно со него да паднат на колена.

„Денес вас на колена ве молиме, простете. Простете, простете, ние не смееме да војуваме. Ве молам оставете го оружјете. Одржете избори и се ќе биде подобро. Сакаме да се забавуваме, престанете да пукате“, низ солзи молеше Дрогба.

Овие зборови на Дрогба допреа до сите уши во неговата земја, но и пошироко во светот. Тој стана инспирација за многумина фудбалери кои доаѓаат од трубулентните земји.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…