Дома Фудбал Лига на шампиони Денес ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите

Денес ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите

Во седиштето на УЕФА во Нион денес во 12 часот ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите во фудбал и ова сигурно е настан кој привлекува внимание на фудбалската јавност.

Ова е една поинаква ждрепка поради новиот формат на најелитното европско натпреварување. Ограничувања нема, секој може да се падне со секого и како што е познато од претходно нема да се играат два натпревари туку по еден на неутрален терен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во четвртфиналето се веќе: Аталанта, Атлетико, Лајпциг и ПСЖ. Преостанатите четири учесници ќе бидат познати после реваншите на 7 и 8 август. Во борба за тие места: Баерн – Челзи (прв натпревар 3:0), Јувентус – Лион (0:1), Манчестер Сити – Реал Мадрид (2:1) и Барселона – Наполи (1:1).

Завршницата ќе се игра во еден вид на Ф8 турнир. Натпреварите ќе се играат на стадионите на Бенфика и Спортинг во Лисабон. Четвртфиналето ќе се одигра од 12 до 15 август, полуфиналето на 18 и 19 август додека финалето е закажано за на 23 август.

Ќе потсетиме веднаш по ждребот за Лигата на шампионите ќе следи и ждребот за Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…