Дома Топ вести Денес се игра „Ел Класико“: Ова се можните состави

Денес се игра „Ел Класико“: Ова се можните состави

Денес 16.15 часот Барселона во дербито на 11 коло во „Ла Лига“ го пречекува големиот ривал Реал Мадрид.

„Кралевите“ се водечки во генералниот пласман со 25 бодови, колку што има и Жирона на втората позиција, а третопласирана е Барса со 24 бодови, но составот на Чави останува единствениот во шпанското првенство сезонава без пораз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полека, но сигурно младите фудбалери кои излегоа од школата „Ла Масија“ се развиваат во професионалци и веќе стануваат носители на играта на каталонскиот гигант. Но, што се однесува до работите надвор од теренот, оние поврзани со здравјето на тимот, ситуацијата за Барса не е баш сјајна.

Тренерот Чави на располагање ќе го има Рафиња, како и Жоао Феликс, чиј оток на зглобот е намален. Жоао Феликс повреди на крајот од мечот со Шахтјор во Лигата на шампионите, со болки го напушти теренот, но вели дека е подготвен за „Ел Класико“. Неизвесни се настапите на Роберт Левандовски, Педри и Френки де Јонг.

Можните стартни состави –

Барселона: Тер Штеген, Кансело, Араухо, Мартинез, Балде, Ромеу, Гундоган, Гави, Јамал, Жоао Феликс, Торес.

Реал Мадрид: Кепа, Карвахал, Рудигер, Алаба, Менди, Тшуамени, Крос, Валверде, Белингам, Родриго, Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…