Кошаркарите на Денвер Наџентс славеа во третиот натпревар од финалето на Западот против Лос Анџелес Лејкерс со резултат 114:106. Така екипата на Мајк Малонеј го намали заостанувањето во серијата на 2:1, а херои во победата беа Никола Јокиќ, Џамал Мареј и Жереми Грант.
После прилично изедначена игра во првата четвртина Денвер ја превзема контролата над натпреварот и веќе во вториот период успеа да го наметне својот ритам.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се обидуваа Лејкерси на неколку пати да се заканат на тимот на Малонеј, но организираниот Денвер успеваше да ги одбие нападите на Леброн и друштвото. Одличната игра на Јокиќ, Грант и Мареј донесе за Денвер 20+ и тоа на 10 минути пред крајот. Сепак мора да се спомене и дека одбраната на Денвер заврши голема работа.
Лејкерси пред крајот успеаа малку да ги пореметат плановите на Малонеј па Денвер не дојде така лесно до намалување во серијата. На почетокот на последнатаД четвртина Лејкерси предводени од Рондо кој ги казнуваше сите греши на ривалот и Леброн направија серија од 16:2.На минута ипол до крајот на натпреварот Денвер имаше само три поени предност (98:95), а тројка за изедначување промаши Леброн.
Во последната минута од натпреварот пресудни беа поените на Мареј кој уште еднаш беше лидер на Денвер на теренот.
Мареј го предводеше Денвер со 28 поени, 12 асистенции и осум скока. Жереми Грант уфрли 26, додека српскиот центар Никола Јокиќ постигна 22 поени и додаде 10 скокови и пет додавања. Двоцифрен беше и Морис со 14 поени.
Во редовите на Лејкерси Леброн запиша трипл-дабл со 30 поени, 11 асистенции и 10 скокови. Ентони Дејвис натпреварот го заврши со 27 поени, два скока и една асистенција.