Дома Фудбал Дембеле само што стигна, а веќе и прави проблеми на Барса

Дембеле само што стигна, а веќе и прави проблеми на Барса

Осман Дембеле ова лето пристигна во Барселона за 148 милиони евра и стана најскапата аквизиција во историјата на каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, Дембеле немаше добар почеток во Барселона. Шпанскиот магазин „Дон Балон“ тврди дека младиот Французин веќе успеал да се скара со тренерот Ернесто Валверде и моментално тренира одвоено од тимот.

Сепак, и покрај тоа Дембеле би требало да добие шанса за деби уште овој викенд. Иако Валведе е разочаран од неговиот пристан на тренинзите, Французинот ќе биде дел од тимот за градското дерби против Еспањол.

Дембеле пристигна на „Камп Ноу“ како замена за Нејмар, а Барселона за него плати 105 милиони евра плус 43 милиони како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра го откри својот најголем фаворит на Мундијалот: Немаат конкуренциај, не гледам кој би ги запрел…

Досега на Светското првенство, Франција остави најсилен впечаток. Екипата на Дидие Дешамп …