Дома Фудбал Дембеле пристигна во Финска, Барса очекува вести

Дембеле пристигна во Финска, Барса очекува вести

Крилото на Барселона, Осман Дембеле денес пристигна во Финска, каде треба да му биде направена операција на новата повреда, пренесива „Марка“.

23-годишниот Французин има кинење на бутниот мускул на десната нога и повредата мора да се лекува со оперативен зафат.

Дембеле најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, а точниот период на рехабилитација ќе биде јасен дури после интервенцијата, која ќе биде извршена во Финска.

Во 2017 година Дембеле веќе ја имаше истата операција поради истата повреда на левата нога и тогаш целосната рехабилитација траеше точно четири месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Афенгрубер го закочи Халанд: Ризикот што му донесе бод на Фулам

Фулам одигра 1-1 кај Манчестер сити со смел пристап: Давид Афенгрубер остануваше сам со Ер…