Дома Фудбал Дембеле претставен на „Камп Ноу“, ама се посрамоти во своето прво издание (Видео)

Дембеле претставен на „Камп Ноу“, ама се посрамоти во своето прво издание (Видео)

Во рамки на претставувањето пред навивачите на Реал Мадрид, Тео Ернандез со своите трикови, не го оправда епитетот засилување од 20 милиони фунти. Притисокот од социјалните мрежи стигна и за Паулињо во пресрет на претставувањето на „Ноу Камп“, па и тој имаше потешкотии при триковите со топката.

А новото скапо засилување на Барселона успеа да го мине и лошото претставување на Паулињо, од најлошите сни. Французинот тукушто пристигна од Дортмунд и стана второт најкапо засилување во историјата на тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дембеле е платен 97 милиони фунти, но на претставувањето пред околу 18.000 навивачи на Барселона баш и е не прослави.

Имено, Осман Дембеле кој во Барса ја презеде Нејмаровата „единаесетка“, се обиде да ги засени и воодушеви присутните навивачи со жонглирање на топката и покажување на триковите, но тоа никако не му одеше од рака.

Сепак, Дембеле успеа да изведе неколку фантастични трикови, но видеото со неговите неуспешни обиди веќе се шири низ социјалните мрежи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија посвети специјална објава за маестралниот Санчо: Му должите извинување!

Борусија Дортмунд вчера оствари минимална победа во полуфиналето од Лигата на шампионите, …