Во изминатите денови во Германија се водеше случај против Осман Дебеле.
Имено, станува збор за тужба од сопственикот на куќата во која што престојувал фудбалерот додека го носел дресот на „милионерите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сопственикот на куќата бил изненаден и вчудоневиден од нередот кој го оставил славниот фудбалер кога ја напуштал куќата при неговиот трансфер во Барселона.
Денес донесена е одлуката за овој случај, а победи тужителот и Дембеле сега ќе мора да му плати оштета од 20.000 евра.
Дембеле има можност да се жали на ваквата одлука, но германските медиуми не веруваат дека може да ја докаже неговата невиност. Тоа е така најмногу поради недисциплината која ја покажува во Барселона.