Дома Топ вести Дембеле експресно го напушта ПСЖ

Дембеле експресно го напушта ПСЖ

Осман Дембеле ова лето пристигна во ПСЖ како големо засилување од Барселона и изјави дека конечно е во клубот за кој навива од детството.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Дембеле веќе во јануари може да го напушти „Паркот на принцовите“, тврди британскиот „Мирор“.

Имено, Французинот не е задоволен од начинот на игра на тимот, не успеа да се адаптира добро во тимот на Луис Енрике, не постигнувајќи ниту еден гол на стартот на сезоната.

Тој со своите промашувања веќе ги изиритира навивачите кои почнаа да го критикуваат, па тоа воопшто не му се допадна.

Интерес за него постои од лондонските клубови Арсенал и Тотенхем, па Дембеле е спремен уште во јануари да го напушти ПСЖ и да се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…