Дома Македонски спорт Демант од АК Делта – Дарио ја има најуспешната сезона во неговата кариера

Демант од АК Делта – Дарио ја има најуспешната сезона во неговата кариера

Изјавата која беше дадена во медиумите не доликува на функцијата која Кристијан Кајчевски ја врши, селектор на Атлетската федерација на Македонија, бидејќи најпрво нема потреба од деградација на нечија “неукост”, стручност, успех или неуспех, бидејќи поединечните резултати на атлетичарите и екипните резултати на клубовите се приказ на успесите и стручноста. Исто така поголем дел од неговата изјава е невистина, односно не е поткрепена со факти и ќе биде демантирана во продолжение.

Дарио Ивановски имаше фантастична сезона, во која ги подобри сите рекорди од 1500 метри до 10 000 метри, па според ова очигледно не се работи за стагнација, туку напротив резултатски напредок, конкретно во дисциплината 1500 метри тој го подобри својот резултат за 3 секунди. Но бидејќи во атлетиката од голема важност се медалите на меѓународните првенства и националните рекорди, статистиката говори дека Дарио годинава постави 7 нови национални рекорди во 5 дисциплини, стана балкански шампион во сала, европски првак за мали земји и бронзен балкански медалист на отворено, успеси кои македонската атлетика ги нема постигнато во последните 10 години кумулативно, и сите треба да бидат горди на овие успеси, бидејќи тоа се успеси на Македонија.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Успехот на АК Делта исто така е неоспорен, сениорски победник на купот, кросеви, планинско трчање,  многу национални рекорди, најмногу сениорски репрезентативци во сите настапи на македонската репрезентација во последните неколку години, максимален ферплеј кон сите и без ниедна црна дамка низ годините, поради ова на сите раководни лица во нашиот клуб оваа изјава на селекторот ни претставува вистински шок.

Навистина не ни е јасна причината да се деградира успехот на Дарио и на Делта, кога фактите и резултатите го говорат спротивното, а резултатите во атлетиката претставуваат се. Исто така невкусно е нагласен терминот “Уличен тркач”, напишан со големи букви од страна на селекторот, терминолошки тоа е трчање на пат, бидејќи вака напишано се дава негативна конотација на тие дисциплини и оние кои настапуваат на нив.

Во однос на настапот на Олимписките Игри, кога дознавме дека ќе настапува само еден атлетичар со покана, веднаш побаравме да ни се достави критериумот по кој ќе се избере тој атлетичар. Но откако не добивме одговор, поднесовме и официјално барање на e-mail до селекторот и УО на АФМ, но и на тоа не добивме одговор до денес.

Во однос на ваучерите, ние како клуб добивме најголем ваучер, меѓутоа голем дел од тоа што ни следуваше според реалните пријави ни беше скратено, бидејќи голем број клубови имале поднесено лажни апликации, а комисијата која ги прегледувала ги прифатила како такви, веднаш поднесовме барање за ревизија и повторна проверка на апликациите за ваучери, но и на тоа барање не добивме никаков одговор, ниту пак повторно апликациите беа разгледани. Фрапантен е податокот во кој ние како најдобар сениорски клуб, со половина репрезентативци од репрезентацијата на Македонија, со меѓународни медали, национални рекорди, добивме малку поголем ваучер од некои клубови кои имаат само еден или ниеден репрезентативец, и не биле пласирани во првите 3 клуба на сениорски куп на Македонија.

За да не испадне дека ова е само една “лаичка” изјава слична на онаа на селекторот, ние сите мејлови со официјални барања кои се испратени навремено до соодветните луѓе во АФМ ќе ги препратиме до официјалните лица на сите атлетски клубови за да се уверат во вистинитоста, бидејќи како што претходно наведовме ние работиме само со факти и докажани резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Oхрид има големи планови: Во новата сезона ќе ги води екс-селектор на Македонија!

Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, објави порталот „Охридњуз“. Поранешн…