Дома Трансфер зона Дел Пјеро советува: Германецот е иделно засилување за Јуве!

Дел Пјеро советува: Германецот е иделно засилување за Јуве!

Легендата на клубот од Торино, Алесандро дел Пјеро го советуваше раководството да го ангажира играчот за врска на Ливерпул, Емре Чан.

Италијанскиот шампион веќе подолго време се интересира за германскиот репрезентативец, но во летото Ливерпул ги одби сите понуди од „бјанконерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Емре Чан со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, па тој уште во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со друг клуб.

Медиумите се сигурни дека тоа ќе биде Јувентус, а Дел Пјеро тврди дека Германецот ќе биде идеално засилување за „старата дама“.

Алегри има потреба од уште еден играч за врска, бидејќи Кедира често е повреден. Маркизио беше отсутен подолго време поради повреда и не е во најдобрата форма, а Пјаниќ е одличен технички, но не е силен физички“, смета Деј Пјеро.

„Емре Чан од Ливерпул е идеалната опција, а притоа не е скап. Јувентус има потреба од фудбалер како него“, заклучи „Пинтурикио“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…