После лошиот старт на сезоната Алегри почна да ги средува работите, а Јувентус почнува да заличува на својот стил на игра со малку примени голови.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последните осум натпревари во сите натпреварувања Јувентус има седум победи и едно реми (против Милан). Освен треба да се истакне дека последните четири ги доби со 1:0. Со тој резултат тимот на Алегри славеше и вчера против Зенит.




Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро посочи дека „старата дама“ се вратила на старото правило, а тоа е добрата одбрана.




„Јувентус и тоа како се рехабилитираше, подобри се во сите аспекти. Макс се врати на доброто старо правило – ако не примиш гол си поблиску до победата! Тоа правило е многу важно. Порано или подоцна веројатно ќе постигнете гол, ако сте добри во одбраната полесно се победува“, изјави Дел Пјеро.