Како тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има освоено бројни трофеи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал во Саудиска Арабија синоќа го совлада Атлетико по изведување на пенали, освојувајќи го Суперкупот, а се чини дека Кралевите не губат финале кога го имаат Зидан на клупата.
Имено, ова е деветто финале и деветта победа на францускиот тренер на клупата на мадридскиот гигант.
Започна со финалето на Лигата на шампионите во 2016 година, а во истата година го освои Европскиот Супер куп и Светското клупско првенство.
Во 2017 година, Реал на Зидан повторно го освои финалето во Лигата на шампионите, Супер Купот на Европа и Суперкупот на Шпанија, а потоа и Светското клупско првенство.
Една година подоцна, Лигата на шампионите повторно беше освоена а деветтото финале беше синоќа на почетокот на 2020 година каде Реал повторно славеше.