Дома Фудбал Дебакл на надежите до 17 години и во второто коло во квалификациите за ЕП

Дебакл на надежите до 17 години и во второто коло во квалификациите за ЕП

Maкедонските фудбалски надежи до 17 години по поразот од Исланд во првото коло претрпеа убедлив пораз и од Шпанија во второто коло во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар, а по само половина час игра имаа предност од 3:0. Стрелаа Кампос, Номоко Туре и Бареирос.

Во второто полувреме Шпанија постигна уште два гола. Повторно Номоко беше стрелец и уште еден гол постигна Гистау за конечни 5:0.

Македонските надежи во последното коло ќе играат со селекцијата на Естонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас повторно меѓу стартерите: Аталанта ја сопре серијата без победа

Ељиф Елмас одигра 75 минути во гостинскиот успех на Аталанта против Монца со 1-0. По четир…