Екипата на Вардар претрпе убедлив пораз од 1:3 на домашен терен од Воска Спорт и така им приреди уште едно разочарување на навивачите.
Во првото полувреме кое помина скоро и без посериозна прилика за гол не видовме погодоци, но во вториот дел следуваше вистински дебакл за вардарци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар создаде две-три прилики во почетните минути од второто полувреме за потоа да следува вистински дебакл. Донарт Ибраими по грешката на Гачевски го отвори резултат во 53 минута и тука започна катастрофата на Вардар.
Новото засилување, Мециновиќ на дебито си постигна автогол во 62. минтуа, додека Јахија со прекрасен гол три минути подоцна зголеми на 0:3. Шарковски во завршницата постигна гол за утеха кој не значи многу за конечни 1:3.
За Вардар ова е веќе трет пораз и тоа трет натпревар во кој прима три гола
Во останатите натпревари кои се играа денес Струга со 2:0 ја совлада Брера, Силекс го изненади Шкупи со 2:1, Шкендија дома беше подобра од Пелистер со 2:0, додека средбите Беса – Работнички и Тиквеш – Гостивар завршија без погодоци.