Дома Трансфер зона Две ѕвезди го напуштаат Манчестер Јунајтед

Две ѕвезди го напуштаат Манчестер Јунајтед

Андреас Переира и Џеси Лингард најверојатно ќе го напуштат Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната, тврдат медиумите на Островот.

Двајцата го загубија местото во стартниот тим и ретко добиваат минутажа кај Солскјер во последно време.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лингард и Переира се спремни да го напуштат „Олд Трафорд“ во потрага по поголема минутажа, а клубот нема да им стои на патот и е спремен да ги продаде.

Договорите на двајцата фудбалери со Манчестер Јунајтед истекуваат во јуни 2021 година, па ова е последна шанса „црвените ѓаволи“ да заработат од нивното заминување.

Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ имаат план со нивната продажба да финансираат дел од трансферот на Муса Дембеле од Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…