Дома Останати Кошарка НБА Две големи изненадувања во НБА, Лејкерси сигурни 🎥

Две големи изненадувања во НБА, Лејкерси сигурни 🎥

Во изминатата вечер видовме две големи изненадувања во НБА лигата.

Првото се случи во Шарлот каде што Хорнетси дојдоа до првата победа славејќи над Бруклин. Домаќините одиграа одличен меч. Иако Кајри Ирвинг и Кевин Дурант беа солидни, Хорнетси успеаа да слават.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гордон Хауард со 28 поени ги предводеше Хорнетси до победата, Кевин Дурант на другата страна уфрли поен повеќе, а Ирвинг додаде 25.

Големо изненадување направија и Њујок Никси кои славеа против еден од фаворитите во лигата, Милвоки Бакс. Тие ги победија домаќините со убедливи 130:110. Бакси само два пати водеа во овој натпревар и двата пати беа во првата четвртина. Во остатокот од мечот доминираа Никси.

Џулис Рендл беше одличен со 29 поени и 14 скокови, Елфриед Пајтон додаде 27 колку што на другата страна имаше и Јанис Антетокумпо кој додаде и 13 скокови.

Актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерси славеа против Минесота со резултат 127:91. Шампионот немаше поголеми проблеми. Веќе после првата четвртина Лејкерси беа на плус 17 (40:23) во продолженија само ја завршија работата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кајл Кузма со 20 поени, Леброн додаде 18, додека на другата страна Ентони Едвардс уфрли 15, но од дури 21 шут.

НБА резултати:

Шарлот – Бруклин 106:104

Њу Орлеанс – Сан Антонио Спарс 98:95

Вашингтон Визардс – Орландо 113:120

Кливленд – Филаделфија 118:94

Њујорк Никси – Милвоки 130:110

Чикаго – Голден Стејт 128:129

Индијана – Бостон 108:107

Сакраменто – Феникс 100:116

Лејкерси – Минесота 127:91

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…