Дома Трансфер зона Два фудбалери на Тотенхем се на листата на желби на Мурињо

Два фудбалери на Тотенхем се на листата на желби на Мурињо

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо веќе има листа на играчи кои ќе се обиде да ги доведе во летниот трансфер периоз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На поприлично долгата листа на желби се и двајца фудбалери на Тотенхем. Наводно, Мурињо ќе се обиде на „Олд Трафорд“ да ги доведе дефанзивците на лондонскиот клуб, Тоби Алдервајрелд и Дени Роуз. Јунајтед сосема сигурно ќе биде активен на трансфер пазарот. Изгледа дека титулата по шест години повторно ќе се врати на „Театарот на соништата“, но за тоа неопходни се нови засилувања.

Ова дуо од Тотенхем Мурињо го гледа како идеално за својот тим. Ќе се обиде да ги доведе во летниот трансфер период, а покрај парите, подготвен е и да го испрати Лук Шо на Тотенхем. Двајцата фудбалери и претходно се поврзуваа со Јунајтед. Сепак, останаа верни на Тотенхем со кого бележат навистина одлични резултати.

Меѓутоа, изгледа дека дојде време за заминување, па изгледа дека двата споменати фудбалери од следната сезона ќе ги гледаме во дресот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…