Дома Топ вести Два сензационални трансфери: Реал прави „напад од соништата“

Два сензационални трансфери: Реал прави „напад од соништата“

Ангажманот на Еден Азар од Челзи минатата година е само почетокот на планот на управата на Реал Мадрид за создавање напаѓачко трио кое ќе биде страв и трепет за противничките одбрани.

Денешното издание на весникот „АС“ објави вест која звучи сензационално Реал спремен да ги купи и Халанд и Мбапе, и заедно со Азар да направи трио од соништата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанците се убедени дека „кралскиот клуб“ ќе ги реализира своите желби по крајот на следната сезона, а единствено нешто кое може да го запре од остварување на ова е финансиска криза.

Весникот пишува дека Халанд би дошол за 75 милиони евра од Борусија Дортмунд, додека Мбапе за 180 милиони евра затоа што има договор до 2022 година. Како нешто што оди во прилог на Реал се наведува тоа што Мбапе ги одбил сите понуди од ПСЖ за продолжување на договорот.

Светските медиуми претходно објавија дека Мбапе летово нема да бара да замине од ПСЖ, но дека по следната сезона ќе се пресели во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …