По вчерашните две изненадувања (ремито на Бразил и поразот на Германија), денес малку недостасуваше да видиме уште едно.
Денешната програма на Мундијалот ја затворија селекциите на Англија и Тунис. Јасно, „Гордиот Албион“ беше голем фаворит, но до победата од 2:1 успеаа да стигнат дури во финишот од натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англија започна добро. Во 11 минута по изведениот корнер и ударот со глава на Стоунс, топката дојде до Хари Кејн кој ја смести во мрежата на Тунижаните.
Пет минути подоцна Тунис се соочи со уште еден хендикеп. Првиот голман на репрезентацијата Хасен поради повреда мораше да го напушти натпреварот, а на негово место во игра влезе Бен Мустафа.
Избраниците на Герет Саудгејт продолжија со добрата игра која ја имаа се до 35 минута. Тогаш се Вокер направи апсолутно непромислен потег во својот шеснаесник, па главниот судија оправдано покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Саси.
Од тој момент Англичаните како психолошки да паднаа, повеќе не гледавме Англија која создава прилики за погодок.
Во тие моменти изгледаше како Англичаните да сакаат мирно да го приведат првото полувреме кон крајот, но „сиволото“ од тој момент се пренесе и во второто полувреме во кое не успеаа да создадат ниту една 100% шанса се до последните моменти.
Повторно од корнер, повторно топката дојде до Стоунс, овој пат тој директно проследи до Кејн кој го постигна својот втор за први три бода на „Гордиот Албион“.
Следниот натпревар Англичаните го играат во на 24 јуни против селекцијата на Панама, додека Тунис еден ден претходно ќе се сретне со селекцијата на Белгија.