Дома Фудбал Лига на шампиони Два клуба обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите

Два клуба обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите

Манчестер Сити ја продолжи перфектната серија во Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион на Европа го победи Јанг Бојс со 3:0 во натпреварот од 4.коло од групната фаза. Два гола за Сити постигна Ерлинг Халанд, а еден Фил Фоден.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сити обезбеди пласман во второто коло, а тоа го направи и Лајпциг кој на гостински терен ја совлада Црвена Звезда со 1:2.

Чави Симонс погоди во осмата минута, а во 77. Луис Опенда го зголеми резултатот на 0:2. Бенџамин Хенрикс и даде надеж на Звезда со автогол во 81. минута.

До последното коло Црвена звезда и Јанг Бојс ќе се борат за третото место кое води во Лига Европа.

Манчестер Сити и Лајпциг затоа сигурно ќе продолжат, додека ситуацијата во другите групи е се уште отворена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Леонардо Бонучи објави крај на кариерата

Познатиот италијански фудбалер Леонардо Бонучи (37) објави дека ја завршил професионалната…