Рафаел Варан го засили Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 50 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, неговиот трансфер во Јунајтед ќе влијае врз статусот на некои фудбалери од одбраната на Јунајтед, а први на удар се Виктор Линделоф и Фил Џонс.
Линделоф заедно со Мегваер одигра 27 меча во Премиерлигата, но со доаѓањето на Варан тој сигурно ќе биде трет избор.
Џонс има 29 години, од друга страна, и се очекува да биде продаден затоа што нема шанси да добие место во екипата на Оле Гунар Солскјер.
На продажба ќе биде ставен и Ерик Баи, па со тоа „црвените ѓаволи“ ќе вратат дел од парите вложени за Варан и ќе се ослободат од високите плати на играчите.