Дома Македонски спорт Мак фудбал Дармијан: Македонија има многу квалитетен тим!

Дармијан: Македонија има многу квалитетен тим!

Бекот на Манчестер Јунајтед и италијански репрезентативец Матео Дармијан денес зборуваше пред новинарите за престојниот меч во квалификациите против Македонија.

Италија ја пречекува Македонија на 6-ти октомври во Торино, а Дармијан порача дека македонската репрезентација е квалитетна и не треба да се потценува.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Среќен сум што се вратив во Торино. Сите знаеме дека нè очекува тежок меч, бидејќи Македонија е квалитетна репрезентација и не треба да се потценува. Доказ за тоа е првиот наш дуел, кога иако имавме контрола над играта ни создадоа многу проблеми кои моравме да ги решаваме во последните секунди. Секако дека Македонија ќе сака да извојува победа, но ние сме подготвени да ги спречиме“, изјави Дармијан.

На мечот во Скопје пред една година Италија успеа да стигне до победата со голот на Имобиле (2:3) во 92-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…