Дома Македонски спорт Дарио Ивановски во машка и Билшерин Сулејман во женска конкуренција победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“

Дарио Ивановски во машка и Билшерин Сулејман во женска конкуренција победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“

Домашниот атлетичар Дарио Ивановски и Бугарката Билшерин Сулејман се победниците на полумаратонот што се одржа денеска низ улиците на Охрид во рамките на тридневната манифестација „Охрид трчаТ“.

Ивановски ја истрча патеката од 21 километар за еден час, 11 минути и 18 секунди, влегувајќи во целта пред Тирон Мамуша од Албанија (1:15:54) и Муџаид Мислими од Македонија (1:16:39). Во женска конкуренција, Сулејман триумфираше со време од 1:25:01 час, пред Билјана Кираџиева од Србија (1:32:22) и Марина Домазетоска од Македонија (1:36:11).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тројцата првопласирани се наградени со по 300, 200 и 100 евра, како и со бисери.

На трката на пет километри победија бугарските натпреварувачи Михаил Вулковски (18:52 минути) и Аделина Павлова (22:29).

На трките од седмото издание на „Охрид трчаТ“ учествуваа речиси 2.000 тркачи од 28 земји.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …