Дома Фудбал Репрезентации Данците вчера извлекоа лудо реми – губеа со 3:0 до 84-тата минута! (ВИДЕО)

Данците вчера извлекоа лудо реми – губеа со 3:0 до 84-тата минута! (ВИДЕО)

Дефинитивно еден од најинтересните натпревари во оваа репрезентативна пауза го одиграа вчера репрезентациите на Швајцарија и Данска.

Швајцарците стигнаа до предност во 19-тата минута преку Фреулер. Тоа беше единствениот гол кој го видовме во првото полувреме.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За вториот за погодок се чекаше до 66-тата минута, тогаш Џака зголеми на 2:0, а десетина минути подоцна Емболо погодува за водство од 3:0 на Швајцарија. Во тие моменти веројатно никој не претпоставуваше дека ќе гледаме шокантен натпревар и сите очекуваа победа на домаќините.

Меѓутоа Данците не мислеа така.

Предноста на Швајцарија беше актуелна се до 84-тата минута. Јоргесен прво намалува на 3:1, потоа Гјаткјаер најавува шокантна завршница со гол четири минути подоцна.

За извлекување на бод на Данците од оваа изгубена ситуација се погрижи Далсгард во третата минута од судиското продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=ZmyRBeJ7cks

После натпреварот за овој натпревар и неговата селекција зборуваше селекторот на Швајцарците Владимир Петковиќ кој како причина ја наведе физичката подготвеност.

„Бевме многу опуштени во последните минути, изгледавме премногу наивно на теренот. Бевме целосно изгубени и затоа не казнија. Кога тие постигнаа прв гол ние започнавме да паѓаме, посебно лошо реагиравме на тие високи топки. Можеби доколку бевме подобро физички подготвени немаше да доживееме вакво нешто“, изјави Петковиќ на конференцијата после средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…