Остана уште едно коло од главната фаза на Европското ракометно првенство во Ракомет што се игра во Хрватска, а Македонија е без шанси за пласман во полуфиналето.
По вечерашниот пораз од селекцијата на Чешка, Македонија е со три поени, исто колку и Словенија, но македонските ракометари се на 5. позиција поради победата над Словенија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од оваа група сигурен пласман во полуфиналето обезбеди Данска, која што има 6 поени, 2 повеќе од Шпанија, Германија и Чешка.
Данска утре игра со Македонија, додека Шпанија и Германија играат меѓусебен натпревар.
Победникот од натпреварот помеѓу Германија и Шпанија сигурно обезбедува пласман во полуфиналето, бидејќи и двете селекции забележаа победа против Чешка, со што доколку се со исто поени би излегле пред таа селекција. Доколку тој натпревар заврши нерешено, тогаш во полуфиналето ќе се пласира селекцијата на Шпанија која што има подобра гол-разлика.
Позицијата на која што ќе заврши Македонија зависи од резултатот на нашиот дуел со Данска, како и од резултатот од мечот помеѓу Словенија и Чешка.
Во првата група, Франција е речиси сигурно пласирана, а единствен начин да не игра во полуфиналето е да загуби од Хрватска со 9 разлика, а селекцијата на Шведска да слави против Норвешка. Во тој случај селекциите на Франција, Хрватска и Шведска ќе имаат по 8 поени, со што ќе се формира мини-група помеѓу нив.
Доколку Хрватска ја совлада Франција со помалку од 9 разлика, а повеќе од 3, Франција и Хрватска обезбедуваат пласман во полуфиналето, а секоја победа на Хрватска со помалку од 3 разлика, или нерешно и пораз, ги носи Швеѓаните во полуфиналето.