Дома Останати Данска после „драма“ до полуфинале

Данска после „драма“ до полуфинале

Данската ракометна репрезентација триумфираше против Шведска со 32-31 во драматичен натпревар и обезбед полуфинале на Олимпијадата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швеѓаните први поведоа со два гола предност, но потоа Данска заигра многу подобро и во еден момент стигна до предност од четири гола (10:6). Сепак до полувремето Шведска успеа да се врати за израмнување 16:16.

Интересно беше и во вторите 30 минути, каде што во драматична завршница Данска успеа да обезбеди полуфинале.

Најефикасен во натпреварот беше Питлик со девет гола, додека во редовите на Шведска седум постигна Феликс Клар.

Во полуфиналето Данска ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Норвешка и Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…