Дома Фудбал Лига на шампиони Дали УЕФА направи грешка на ждребот? Зошто Реал не можеше да се падне со ПСВ?

Дали УЕФА направи грешка на ждребот? Зошто Реал не можеше да се падне со ПСВ?

За денешната ждрепка за ЛШ беа поставени и стандардните ограничувања на УЕФА кои велат дека клубовите од истата земја и клубовите кои сезонава веќе играле во групата не можат да се сретнат.

Сепак, навивачите останаа изненадени кога беше извлечен ПСВ Ајдохен, а на екраните се појави црвено кај Реал Мадрид, што значеше дека екипата од Холандија не можеше да игра против „кралскиот“ клуб.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако изгледа како грешка на УЕФА, сепак има логично објаснување. „Виновник“ за тоа е Баерн, кој единствен остана во ждрепката како неизвлечен клуб.

Во случај Реал Мадрид да се паднеше против ПСВ, тогаш Баерн би останал со два можни противници, Лајпциг или Копенхаген, со кои не може да игра бидејќи со едниот е од иста земја, а со другиот играше во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Флик забавата во Барса е загарантирана, но мора да се освојуваат и трофеи!

Ханзи Флик не отстапува од својата филозофија и тоа носи резултати. Барселона ја победи Бо…