Дома Трансфер зона Дали сонот на Ријад Марез конечно ќе биде исполнет?

Дали сонот на Ријад Марез конечно ќе биде исполнет?

mahrez

Изгледа дека конечно Ријад Марез ова лето ќе го исполни својот сон.

Како што наведуваат медиумите на Островот, голема е веројатноста Марез да го напушти Лестер на крајот од сезоната и да се пресели во Манчестер Сити кој се обидуваше да го доведе и во зимскиот проеден рок, но барањата на раководството на „лисиците“ беа преголеми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, трансферот веројатно ќе се реализира во летниот преоден рок.

Лестер исто така би требало добро да заработи на овој трансфер. Се споменува сума од околу 60 милиони фунти, што е навистина одлична зделка ако се спореди со сумата со која беше платен пред четири години – 500.000 евра.

Марез заедно со Џејми Варди беше предводник на тимот на Лестер кој во 2016 година стигна до сензационалната титула шампион на Англија, а на 174 натпревари вкупно постигна 46 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…