Дома Топ вести Дали Рамос ќе остане во Реал? Се огласи неговиот татко

Дали Рамос ќе остане во Реал? Се огласи неговиот татко

Иднината на Серхио Рамос во последно време е главна тема во спортските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот на Реал Мадрид влезе во последната година од договорот и се уште не може да се договори со „кралевите“ за продолжување на соработката.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти, пред се ПСЖ кој му нуди 20 милиони евра по сезона на 34-годишниот дефанзивец.

Денес на оваа тема се огласи таткото на Серхио Рамос, кој тврди дека е оптимист дека неговиот син ќе остане во Реал Мадрид.

„Комплетно сум смирен на оваа тема и сум голем оптимист. Верувам дека мојот син ќе остане и дека на крајот се ќе се реши меѓу него и претседателот“, изјави Хосе Марија Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим без милост: Отпиша дури седум фудбалери на Милан!

Рубен Аморим веќе започна со значајни промени во екипата на Милан, а според најновите инфо…