Договорот на Серхио Рамос истекува на крајот на сезоната и се уште не може да најде заеднички јазик со „кралскиот“ клуб за продолжување на соработката.
Рамос не ја исклучува можноста после цели 16 години да го напушти Реал Мадрид, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Пари Сент Жермен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ му нуди 3-годишен договор со плата од 12 милиони евра по сезона плус бонуси, а еден потег на Рамос додатно ги разгоре шпекулациите.
Рамос испрати порака до Нејмар на објавата дека го продолжил договорот со парижаните, а шпанските медиуми сметаат дека така го најавил неговиот следен клуб.
Притоа Рамос почна да Инстаграм да следи неколку фудбалери на Пари Сент Жермен.
📲 | Sergio Ramos seguiu alguns amigos novos no Instagram. 😅 pic.twitter.com/QBu7RhWm19
— Madridismo (@madridismobr_) May 8, 2021