Алексис Санчез е најголема желба на Пеп Гвардиола ова лето и славниот тренер не прашува за цена за да го доведе Чилеанецот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Па така во англиските медиуми се појавија информации дека Манчестер Сити е спремен на Арсенал да го понуди Серхио Агуеро во замена за Алексис Санчез.
Гвардиола кој разочара во својата прва сезона во Англија смета дека Агуеро не се вклопува во неговиот стил на игра, а дури во еден дел од сезоната помина на клупата.
Сега се обидува да го искористи како „џокер“ и преку него да стигне до Санчез, иако од лондонскиот клуб порачаа дека Чилеанецот нема да биде продаден на некој од ривалите.
Меѓутоа, навивачите на Арсенал, дури 70% во анкетите би се откажале од услугите на Санчез во замена за Серхио Агуеро. Посебно поради тоа што Санчез ги разочара минатата сезона со однесувањето на теренот, но и со одбивањето да го продолжи договорот.
A swap deal involving Aguero and Sanchez would be the most stunning straight exchange ever seen in the Premier League. [star] pic.twitter.com/Ze3gBz6E6p
— ? FA Cup Winners ? (@tomgunner14) June 25, 2017