Дома Фудбал Англија Дали ова се преоптимистични најави? Манчестер Јунајтед наредната сезона може да се бори за титулата

Дали ова се преоптимистични најави? Манчестер Јунајтед наредната сезона може да се бори за титулата

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Даниел Џејмс смета дека неговиот клуб наредната сезона може да се бори за титулата во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ во моментот на прекинот на натпреварувањето поради пандемијата од коронавирусот се наоѓаа на петтото место на табелата. Иако се уште не се знае како ќе се заврши оваа сезона, Даниел Џејмс има големи очекувања за наредната сезона.

„Следната сезона ќе биде многу важна за нас. Оваа имавме неколку повреди. Кога конечно сите ќе бидеме на располагање на менаџерот ќе имаме шанси да се бориме за титулата“, изјави Џејмс.

Премиерлигашите од идната недела би требало да почнат со тренинзи во помали групи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…