Бројките најавуваат таков расплет, но ова не мора да значи ништо…
После победата против Кардиф, Манчестер Сити е прв и има бод предност во однос на Ливерпул, имаат и подобра гол разлика, До крајот на првенството има шест натпревари и актуелниот шампион ја држи судбината во свои раце, ако ги добие сите натпревари до крајот ќе ја одбрани титулата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул вечерва со победата против Саутемптон би можел да изби на чело на табелата, но со натпревар повеќе. Додека Ливерпул ги добива натпреварите во последните минути, победничката тактика на Гвардиола подразбира брз гол.
Некои податоци се неверојатни, имено, оваа сезона во првенството. Сити на 10 натпревари постигнал гол во првите 10 минути. На 15 постигнувал гол во првите 15 минути, а за половина час постигнувале барем еден гол на 22 натпревари.
Тоа вообичаено е вовед во убедлива победа, само четири пати оваа сезона „граѓаните“ натпреварот го решаваа во продолжение.
За викендот играат во купот на Англија, во полуфиналето со Брајтон, веќе ја освоија титулата во Лига купот, а ги чека и четвртфиналето од Лигата на шампионите против Тотенхем, а ако поминат во полуфиналето Јувентус или Ајакс.
Медиумите пишуваат дека Сити е поубедлив и дека Ливерпул не може секогаш да победува во последните минути и со тоа се сложува поголем дел од фудбалската јавност.
До крајот на шампионатот Ливерпул после вечерашниот натпревар против Саутемптон игра против: Челзи, Хадерсфилд и Вулвс дома, а гостува кај Кардиф и Њукасл.
Сити во последните шест кола ќе игра на гости против Кристал Палас, Манчестер Јунајтед, Барнли и Брајтон, а ги пречекуваат Тотенхем и Лестер.