Дома Фудбал Останато Дали ова е законот поради кој Роналдо ја избра Италија?

Дали ова е законот поради кој Роналдо ја избра Италија?

ronaldo

Кристиано Роналдо е нов фудбалер на Јувентус, италијанскиот шампион плати сума од 105 милиони евра, а Португалецот плати договор на четири години и ќе заработува 30 милиони евра, тоа е добро познато.

„Не ми е жал што заминав од Реал. Тука сум бидејќи сакам нов предизвик. Играчите на мои години заминуваат во Кина, Катар или САД, поради тоа сум благодарен на Јувентус што ми даде ваква прилика“, изјави Роналдо на официјалното претставување.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Освен нов предизвик, Јувентус му даде прилика да го избегне плаќањето данок. Роналдо од пооадмна е во „војна“ до даночните работници во Шпанија, а неодмана се договори со шпанските власти и плати 18 милиони евра казна поради неплаќање данок.

Роналдо многу повеќе заработува од спонзорските договори отколку од платата во клубот, што беше и проблем во парницата со шпанската држава, но со доаѓањето во Италија Роналдо тоа го избегна. Имено, италијанската влада минатата година донесе закон според кој луѓето кои ќе пријават живеалиште во Италија и работт тука не мораат да плаќаат данок на парите кои ги заработуваат надвор од државата.

Покрај тоа истото важи и за членовите на нивното семејство.

Иако не можеме да кажеме сигурност, многу веројатно е токму овој закон да бил причината поради која Роналдо ја избра Италија како негова следна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…