Дома Фудбал Дали ова е доказ за бројот на дресот на Азар во Реал Мадрид? (ФОТО)

Дали ова е доказ за бројот на дресот на Азар во Реал Мадрид? (ФОТО)

hazard

Белгискиот фудбалер Еден Азар минатата недела и официјално беше претставен како ново засилување на Реал Мадрид.

Азар на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекаа повеќе од 50.000 фанови кои беа воодушевени што Перез успеа да доведе големо засилување и конечно играч од кој се очекува да го замени Кристиано Роналдо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгиецот на теренот излезе во дрес на „кралевите“, но тој беше без број. Азар подоцна призна дека го побарал вројот на Лука Модриќ, но Хрватот не му излегол во пресрет.

Многумина веруваат дека Азар наредната сезона ќе го носи дресот со број седум, а еден од навивачите на Реал има и доказ за тоа. Имено, тој нарачал дрес од Азар со бројот десет, а на крајот добил нешто друго.

„Го избрав дресот со број 10 во оналјн продавницата на Реал Мадрид, меѓутоа кога дресот пристигна на него беше бројот седум. Ако ова не е доказ кој број ќе го добие Азар, тогаш не знам што е“, порача навивачот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…