Дома Останати Дали ова е датумот кога Конор Мекгрегор се враќа во октагон? (ФОТО)

Дали ова е датумот кога Конор Мекгрегор се враќа во октагон? (ФОТО)

Ирската ММА ѕвезда Конор Мекгрегор жестоко тренира во последниот месец.

Откако беше завршена драмата околу скандалот во натпреварот со Кабиб Нурмагомедов, Конор максимално се посвети на новиот предизвик. Во октагон би можел да се врати веќе во април.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако претседателот на УФЦ, Ден Вајт тврди дека борбата помеѓу Мекгрегор и Доналд Керон не е ниту блиску до договорена. Стигна демант преку Инстаграм профилот на борецот кој објави два потенцијални датуми за борба со Конор.

Керон под фотографијата која ја објави напиша:

„13-ти парил или 6-јули“.

Секако тоа се датуми очекувани за борба со Конор. УФЦ 236 изгледа како сосема реална опција.

Од друга страна месец јули исто така е резервиран за големи борби. Минатата година во тој термин борба одработија Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер, но судејќи според припремите на ирската ѕвезда извесно е дека борбата ќе биде на првиот даум.

„Напорна и паметна работа 2019“, напиша Конор неодамна на неговиот Инстаграм профил објавувајќи фотографија на која се гледа дека жестоко тренира.

Конор секако има желба да се врати во октагон, а после она што се случуваше во борбата со Кабиб Нурмагомедов во која настана целосен хаос откако беше „загушен“ сигурно дека е дополнително мотивиран да докаже дека се уште е спремен да се бори на највисоко ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…