Дома Топ вести Дали некој ќе го запре ова „лудило“: ПСЖ купува играч од 100 милиони!

Дали некој ќе го запре ова „лудило“: ПСЖ купува играч од 100 милиони!

Како што пренесуваат италијанските медиуми ПСЖ и Наполи се блиску до договор за трансфер на бразилскиот играч за врска, Алан.

„Светците“ сакаат по секоја цена да го донесат Бразилецот во Париз и се согласија да платат 100 милиони евра за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најпрво испратија понуда од 80 милиони евра, која Наполи ја одби, а потоа се согласија да искешираат 100 милиони евра за 28-годишниот играч за врска.

Со цел да ги заобиколат правилата на УЕФА за Финансиски фер-плеј ПСЖ половина од оваа сума ќе ја плати во кеш, а останатата половина Наполи ќе ја добие преку спонзори од Катар.

Алан веќе има комплетен договор со ПСЖ каде годишно ќе заработува 8 милиони евра по сезона, што е пет пати повеќе од неговата плата во Наполи.

Светските медиуми се прашуваат дали УЕФА конечно ќе реагира и ќе го запре ова „лудило“ на францускиот клуб, кој веќе подолго време има проблеми со Финансискиот фер-плеј.

Меѓутоа, ПСЖ секогаш наоѓа начин како да ја „излаже“ УЕФА, или едноставно челните луѓе на европскиот фудбал „замижуваат“ пред богатите „светци“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еве каде може да го гледате бараж натпреварот за Светско првенство на Македонија и Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) во Торшавн го игра првио…