Додека фокусот на фудбалската јавност беше насочен кон репрезентативните натпревари, треба да се спомене и ситуацијата на Лестер од Чемпионшип.
Овој тим доживеа изненадувачко испаѓање од Премиер лигата минатата година, станувајќи веројатно тимот со најмногу ѕвезди што испаднал во последните години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Исполнет со играчи кои чинат десетици милиони евра, тимот на Лестер се пресели во понизок ранг и се очекуваше брзо враќање бидејќи дури девет од 10-те најплатени играчи во Чемпионшип моментално се членови на Лестер.
Leicester City drop to third in the Championship and are currently out of the automatic promotion places to the Premier League.
— #3Sports (@3SportsGh) March 29, 2024
The Foxes have an obligation to buy Fatawu Issahaku for €17 million if he plays 60% of games and they gain promotion.#3Sports pic.twitter.com/huLO2D639F
Сè одеше во таа насока со месеци. Пред само 12 недели Лестер имаше неверојатни плус 17 во однос на местата кои не се испаѓаат. Се чинеше дека се е готово и дека Лестер треба само да ја приведе сезоната кон крајот.
Но, три месеци подоцна, состојбата на табелата е следна: Лестер повеќе не е прв или втор, туку падна на третото место во Чемпионшип.
Популарните „Лисици“ сега се зад екипите на Ипсвич и Лидс, по вчерашните резултати. Лестер беше поразен од Бристол Сити, а Ипсвич и Лидс ги прескокнаа.
Потсетуваме, промоција од Чемпионшип во Премиер лигата обезбедуваат двете првопласирани екипи, додека позициите од третата до шестата играат бараж.