Познато е дека Англичаните се спремни да направат статистика на се и сешто, а не изостанува и мерењето на брзината на фудбалерите. Дали сте се запрашале кој е најбрзиот фудбалер во Премиер лигата од кога постои ова мерење?
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Рекордот му припаѓа на фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане.
Овој фудбалер успеа да го сруши досегашниот рекорд кој го држеше Џејми Варди со 35,09 километри на час. Сане рекордот на напаѓачот на Лестер го сруши во натпреварот против Челзи во кој успеа да достигне и брзина до 35.48 километри на час.
Сане во Манчестер Сити пристигна од Шалке во 2016 година за сума од 37 милиони фунти, а оваа сезона игра навистина одлично и веќе постигна три погодоци и забележа две асистенции на седум натпревари.
Иначе мерењето на брзината на фудбалерите во Премиер лигата започна од 2014 година.