Дома Трансфер зона Дали е ова најава за трансфер? „Супер агентот“ ја доби битката за Деле Али

Дали е ова најава за трансфер? „Супер агентот“ ја доби битката за Деле Али

Супер агентот Жорге Мендеш е на добар пат да ја добие битката со своите колеги за потписот на еден од најголемите таленти во анлискиот фудбал – Деле Али.

Договорот на Деле Али со агентот Роб Сигл и неговата компанија „Импакт Спорт“ истекува следната година, а според медиумите на Островот најверојатно играчот од 2018 година ќе го застапува Жорге Мендеш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрите светски фудбалски агенти беа во „војна“ за потписот на ѕвездата на Тотенхем, а на крајот Анличанецот се одлучи за Мендеш.

Договорот на Деле Али со Тотенхем истекува во 2022 година, но од клубот веќе му понудија нов договор на 21-годишниот играч за врска. Раководството на „спарси“ настојува договорот да биде потпишан пред Мендеш и официјално да стане агент на фудбалерот.

Сега откако стана јасно дека Мендеш ќе биде новиот агент на Деле Али уште повеќе се засилуваат шпекулациите за негова преселба во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…