Дома Топ вести Дали е ова крај на сагата: Претседателот на ПСЖ го најави Нејмар

Дали е ова крај на сагата: Претседателот на ПСЖ го најави Нејмар

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи се огласи по повод гласините дали Нејмар наскоро ќе премине на „Паркот на принцовите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилецот е се поблиску до историски трансфер, а тоа денес го најави и претседателот на Парижаните.

„Тоа е малку непријатно прашање. Денес Нејмар е играч на Барселона, но ќе видиме што ни носи утрото. Ги почитуваме сите договори на останатите екипи и играчи и не сакам да откривам многу. Се во свое време. Нејмар е светска ѕвезда, но тој е играч на Барселона засега“, истакна Ал-Келаифи.

До крајот на неделата се очекува и официјална потврда за трансферот на Нејмар, а тоа е јасно и по овие зборови на сопственикот на парискиот клуб, а и инцидентот кој претходеше во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Селекторот Таневски објави списокот на фудбалери, Македонија ќе игра против САД!

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 20 години, Александар Таневски, го објави …