Дома Фудбал Англија Дали Емери погреши со засилувањата?

Дали Емери погреши со засилувањата?

emery

Веднаш на почетокот главоболки за менаџерот на Арсенал.

Премиер лигата овој викенд стартуваше со новата сезона, навивачите со нетрпение чекаа да ги видат своите миленици на зелените терени.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу клубови значително се засилија, а порталот „WhoScored“ ги оцен играчите и на крајот состави листа од најлошите шест оценети летни засилувања кои дебитира за новите клубови. Од нив на таа листа тројца беа од Арселона.

Условот е тој фудбалер да одиграл повеќе од 45 минути.

Јасно е дека некои играчи веднаш ја покажаа класата која ја поседуваат како Кеита и Жоржињо, а некои баш и не се снајдоа.

„Топџиите“ се надеваат дека во прашање е само еден лош натпревар.

Матео Гуедоузи

Унаи Емери немаше среќа, па на отварањето во сезоната играше против актуелниот шампион кој има веќе воигран тим кој продолжи да доминира во Премиер лигата. Деветнаесетгодишниот Матео беше фрлен во „оган“ против страшната екипа на Пеп Гвардиола. Овој млад играч не се криеше по теренот за да не ја добива топката, имаше желба да се покаже и не одигра толку лошо. Имаше некои блескави моменти, но неколку пати направи неверојатни грешки поради кои се најде на оваа листа. Најголема грешка дефинитивно е онаа после корнерот кога се лизна и ја промаши топката на средината со што му дозволи на Агуеро да излезе еден на еден со Чех кој го одбрани неговиот удар. Овој фудбалер доби оценка 6.29.

Сократис

Втор на оваа листа е повторно играч од Арсенал. Сократис се мачеше со офанзивците на Манчестер Сити. 30 годишниот стопер во одредени моменти беше немоќен, па мораше да го сруши Агуеро на работ од казнетиот простор. Гркот За тој старт доби жолт картон. Емери ќе мора да менува многу бидејќи „граѓаните“ прелесно создаваа шанси и изгледаше дека можат да постигнат гол кога ќе посакаат. Сократис доби оценки 6.25.

Стефан Лихштајнер

Третиот играч на Арсенал кој се најде на оваа листа влезе како замена за Мејтланд Најлс после повредата на овој играч. Јасно е дека причината поради која се најде на оваа листа е што играше на левата страна, а тој е десен бек. Лихштајнер не се снајде, правеше прекршоци и влегуваше во расправа со судијата и противничките играчи. Офанзивно беше лош, успеа и два пати да се најде во офсајд. На крајот беше оценет со 5.88.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…