Дома Фудбал Останато Дали Виљареал сакаше да го провоцира Чави пред натпреварот?

Дали Виљареал сакаше да го провоцира Чави пред натпреварот?

Фудбалерите на Барселона во саботата на гости го победија Виљареал со 3:1 во рамките од 15. коло во шпанската Ла Лига.

Во саботата гледавме навистина возбудлив натпревар помеѓу Виљареал и Барселона, а на крајот Каталонците победија со 3:1, иако не одиграа баш блескав натпревар. Барса до победата дојде во самиот финиш кога Мемфис Депај погоди за 2:1, а Кутињо ги постави конечните 3:1 во судиското продолжение.

Шпанските медиуми денес пишуваат дека од Виљареал се обиделе да го испровоцираат Чави пред почетокот на мечот кога на големиот екран случајно или намерно се појави фотографија од Роналд Куман кого Чави го наследи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вергара на прагот на дебито за Италија против Франција

Антонио Вергара може да го направи своето деби за Италија во Париз, додека Ди Лоренцо ќе о…