Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е неизвесна, а Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината.
Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а сега откри дека минатото лето имал понуда од шпански клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Португалецот признава дека му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.
„Се зависи, постојат и лични причини кои се многу важни. На пример би бил поблиску до семејството“, изјави Силва.
Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.