Дома Топ вести Дали Бартомеу и новиот договор на Меси најавија негово заминување?

Дали Бартомеу и новиот договор на Меси најавија негово заминување?

messi

Можеби изгледа изненадувачки, но после овој став на Барселона изгледа работите се појасни…

За иднината на Меси многу се зборуваше и изгледа не е е без причина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Меси истекува следното лето, сеуште не потпишал нов, но Меси веројатно не сака да ја остави касата на Барселона празна после неговото заминување. Сега тоа добива и потврда.

Наводно Меси ќе потпиша нов договор со клазула од 300 милиони евра, која само за споредба е многу помала од онаа на Кристиано Роналдо, но и со развојот на ситуацијата во денешниот фудбал тоа не е сума која не може да се плати.

Да потсетиме, екипата на Манчестер Сити беше спремна да плати толкава сума во финишот на трансфер периодот.

„Ако играчот сака да замине, Барса тоа ќе го дозволи, не сакаме да имаме незадоволни играчи во тимот, тоа никогаш не сме го правеле и нема да го правиме. Клазулата може да биде и милијарда евра, ако играчот сака да замине ќе седнеме и ќе разговараме, нема да го спречуваме“, порача првиот човек на Барселона.

Со оваа изјава, Бартомеу, практично ја отвори вратата за Лионел Меси, а многу медиуми оваа изјава ја протолкуваа како порака до Аргентинецот кој има намера да иницира нови избори за Лапорта да се врати на чело на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…