Дома Трансфер зона Дали Ансу Фати може да биде најголемото засилување за Барселона?

Дали Ансу Фати може да биде најголемото засилување за Барселона?

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати е одлучен да остане на „Камп Ноу“, дури беше спремен и на раскинување на соработката со Жорж Мендеш.

Каталонските медиуми пренесуваат дека веднаш по завршувањето на сезоната, Фати започнал посебна програма за работа на тренинг и исхрана, дури работел и со психолог за новата сезона да влезе максимално спремен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради повредите Фати веќе две години не може да ја развие кариерата онака како што навивачите очекуваа. Но тој и понатаму е одлучен да успее во Барселона и ги одби сите понуди кои му пристигнаа.

Неговиот агент, Жорж Мендеш инсистираше да замине, додека неговиот татко во едно интервју жестоко ја критикуваше Барселона. Фати подоцна се извини дека ставовите кои ги има неговиот татко, не се и негови лични.

Фати сега е уште повеќе одлучен и ако навистина успее да покаже се што може и ја врати самодовербата тогаш би можел да биде најголемо засилување за Чави за новата сезона.

И покрај фактот што Фати беше во втор план изминатата сезона, тој беше втор стрелец зад Роберт Левандовски, постигна 10 голови на 51 настап, но на теренот помина нешто повеќе од 1.800 минути и во главно влегуваше од клупата.

За Барса вкупно постигна 29 голови и додаде 10 асистенции на 109 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…