Дома Фудбал Англија Дали Алегри ќе му „поклони“ 70 милиони на Јувентус!?

Дали Алегри ќе му „поклони“ 70 милиони на Јувентус!?

Масимилиано Алегри и понатаму силно се поврзува со клупата на Манчестер Јунајтед, во случај ако Солскјер добие отказ.

Близок извор до таборот на Манчестер Јунајтед, откри дека прашање е само на денови кога трофејниот италијански стручњак, Масимилијано Алегри, и официјално ќе биде претставен за нов менаџер на „црвените ѓаволи“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најголем добитник од целата ситуација може да биде Јувентус. Имено, Алегри и понатаму е под договор со „старата дама“ и заедно со своите помошници за оваа година ќе добие вкупно 16 милиони евра.

Притоа, од Јувентус се надеваат дека Алегри со себе на „Олд Трафорд“ ќе ги понесе Марио Манџукиќ и Емре Чан. Хрватот има плата од 6 милиони евра по сезона, додека Германецот годишно заработува 5 милиони евра.

Па така доколку Алегри и офцијално биде назначен за нов тренер на Манчестер Јунајтед, Јувентус би можел да заштеди околу 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Љоренте го праша Де Роси уште колку има до крајот, тренерот на Рома урнебесно реагираше 🎥

Екипата на Рома вчера го елиминираше Милан и се пласираше во полуфиналето на Лигата на Евр…